Конечно и талибанците се изјаснија со свој став и програма за нивното владеење откако ја презедоа власта во Авганистан пред десетина денови.
Имено, лидерот на талибанците изјави дека не е се така црно и дека тие веќе имаат план за нивното владеење!
Додека некои држави планираат да станат "Швајцарија на балканот", злобните талибанци имаат сосема други планови за својата земја.
"Планираме да го направиме Авганистан како Северна Македонија! Веруваме дека владеењето на нас, талибанците ќе биде запаметено по тоа што сме успеале да ја направиме државава Северна Македонија на Јужна Азија! Ве уверувам, кога ќе завршиме со нашето владеење ќе бидеме исти како Северна Македонија!" - изјави лидерот на талибанците.