logo

# Сатира

Талибанците бараат Васиљ и Бетмен да дебатираат за нив во Само Вистина!

насловна слика

Талибанците со нови, досега најбрутални барања кон остатокот од светот!

 

Имено, Талибанците сметаат дека нивните ставови не се доволно застапени во светот и дека луѓето не можат да ги видат нивните ставови во медиумите.

 

Затоа, тие бараат Влатко Васиљ и Бетмен Велит да дебатираат за ситуацијата во Авганистан!

 

"Видете... во "Само Вистина" се дебатира за се и сешто. Зошто да не може да се дебатира и за нашиот проблем? Еве, Васиљ и Велит нека фрлаат паричка... па еден ќе биде за нас, а другиот за другите. И така преку сериозна дискусија граѓаните на целиот свет ќе може да дознаат за нашите проблеми. Секако, ние и сами би дошле да гостуваме во Само Вистина за да дебатираме со Апасиев или Сашо Тасевски, ама не сме вакцинирани, па да не правиме кластери... ние тука во Авганистан редовно гледаме Само Вистина и навистина би сакале и нашиот проблем да биде дискутиран во емисијата. Иначе омилен од сите 5 гости што се вртат на емсиијата ни е Стојанче, баш Абдула пред некој ден се мотивира сакаше исто како него да крши цигла со глава, ама не можеше. Цар е Стојанче, жари и пали, еј! Го обожаваме!" - изјави еден од членовите на Талибанците.

Коментари


Остави коментар