logo

# Сатира

ТАЛАТ СЕ ИЗВИНИ: Извинете што работам со неписмени идиоти кои немаат две чисти!

насловна слика

Собранискиот спикер и втор човек во државава, екс командантот Талат Џафери, упати искрено извинување до вработените во Собранието поради нивната ниска интелигенција и тотална неспособност, но и затоа што, како што рече, се неписмени глупаци што немаат две чисти од својата работа.

 

- Се извинувам што сум окружен со идиоти кои се разбираат само со дерење и со ќотек. Јас давам сѐ од себе да ги научам нешто, ама теле можеш да научиш, возрасно говедо не можеш. Се надевам ќе најдете сила да ми простите поради нивната простотија и ќе ми дадете шанса да ги превоспитам. - изјави тој.

 

Кооперација контактираше и неколку од гореспоменатите говеда, кои го прифатија извинувањето на нивниот претпоставен со наведнати глави и ветија дека ќе направат сѐ за да го надградат својот интелект.

Коментари

LX6qzOUO1IT4cyV1s2IH1YPsSEuSB0Um7YhtktyT

Pokolemo tele od tebe ne

wwd4aElQGosSjrNLPjKbGUDthRmzUGYlpwpwB07z

Malku vie


Остави коментар