logo

# Сатира

Талат Џафери: Ги затворив вратите за да нема промаја

насловна слика

Талат Џафери конечно објасни зошто завчера ја затвори вратата на пратениците во собранието на нашата земја.

 

Според него, потегот за затворање на вратите бил од хуманитарни побуди, бидејќи се загрижил дека некој од пратениците може да настине поради промаја.

 

"Промајата е сериозен проблем. Секоја година илјадници луѓе се заразуваат поради промајата. Лани беше Ковид. Сега има мајмунски сипаници. Мора да се чуваме. Башка, ако вратите се отворени, може да скокне некој мајмун и да го зарази цело собрание. Многу е битно да се чуваме! Здравјето е се што имаме!" -  изјави Талат Џафери за нашиот сајт, а превод од Албански ни понуди Петар, вработен во фирмата што има очув што знае Албански.

Коментари


Остави коментар