„Да, точно е. Сакам да читам, посебно на бугарски. И.. читам, како што видоа граѓаните и голем дел ме охрабруваат. Додуша некогаш и задремувам, но сега има зузувели – мислам дека ги викаат граѓаните, а сигурен сум дека така ги викаат во Европа...
Преговарам со Урси, мислам Урсула... сега така ја викам, а она ме вика Таче... значи скоро сме во Европа. Е, Урси ја видовте! Таа ќе најде 15 минути да дојде и да им каже дека тоа не чини на овие што викаат.
А за книгата... иако првиот том го почнувам овде, епилогот ќе го читам на мирно место, можеби и гласно на моите цимери во некоја скромна ќелија. Сега извинете ме. Ме фати кичмата, малку од читањето, малку од викањето, најмногу од теговите“.
Рече Таче.