logo

# Сатира

СЗО: Промајата е поопaсна од корона вирусот!

насловна слика
Светската Здравствена Организација излезе со соопштение во кое обелодени шокантна вест дека промајата е многу по опасна од корона вируост. Во истражуавањето спроведено од голем тим на експерти, доктори и научници биле утврдени јасни индикации дека промајата (или провевот) е најголемиот тивок убиец на денешницата. Инцијативата која ја покрена Здружението на пензионери во Македонија, кое долги години се обидуваше да ја освести домашната и светската популацијата за опасноста од промајата конечно вроди со плод. Во соопштението од СЗО стои дека веќе се работи на пронаоѓање на вакцина против промајата и додека една од најпознатите фармацевтски куќи работи на лансирање на антибиоткиот „Антпроматитис“ кој ги убива несаканите ефекти од промајта. „Мора да признаеме дека долги години ни изгледаа чудни луѓево во Македонија кои кога ќе видат два отворени прозорци дијагонално поставени, скокаат како луди и го затвораат едниот прозорец. Сепак, истражувањето покажа дека нивното однесување било оправдано. Промајата навистина има смртоносни последици по човековиот организам и е многу по опасна од корона вирусот и некои други слични вируси. Според некои наши проценки, промајата е одговорна за нејголемиот дел модерни и не толку модерни болести кои често завршуваат фатално. Вечно ќе им бидеме благодарни на Здружението на пензионери во Македонија кои преку својата инцијатива ни ги отворија очите. Веќе работиме на пронаоѓање на вакцина и ги мобилизираме нашите екипи да ги едуцираат граѓаните како да се зашитат од ова зло. Превентивно препорачуваме, покрај секој прозорец или врата секогаш да има некој човек кој ќе реагира правовремено при несовесно отварање на истите.“ - стои во соопштението на СЗО.

Коментари


Остави коментар