Светската Здравствена Организација (скратено: С Три Нула) објави нов план во борба со КОВИД пандемијата. Овој вирус веќе неколку години е главна вест во медиумите, а мног држави пробаа со најразличен пристап да ја стават ситуацијата во контрола.
Сега за сега, најдобриот пристап е со вакцинацијата, но доколку тоа не вроди со плод во скоро време СЗО има и "План Б"!
"Ќе видиме. Сега за сега планот ни е вакцинација. Ако тоа не донесе никаков резултат или ако остсанат голем дел на невакцинирани луѓе во светот ќе треба да се префрлиме на план Б. А тоа е... избори. Го следевме моделот на Република Македонија и приметивме дека секогаш кога имаат попис или избори никој не збори за КОВИД-19, исто како никогаш ни да не постоел! Луѓе што до вчера воведувале мерки наречени "Не прави муабет со баба ти, можда ќе те зарази' следен пат ти велат да прифатиш невакцинирани странци дома. Луѓе што се грижеле за вирусот еден ден, веќе другиот ден ти ѕвонат на врата да ти дадат пенкалце и брашно за да те подмитат да гласаш за нив на избори. Очигледно е дека Република Македонија има некаков план што функционира. И секогаш кога ќе завршат изборите... се враќа вирусот во медиумите. Што значи.. ова чудо стварно делува! Ќе видиме, се надеваме дека вакцините ќе помогнат, ама секогаш е добро да се има и друг план." - кажа претставник на СЗО за нашиот сајт.