logo

# Сатира

СВР Кавадарци: "Уште три купони и ќе добиеме попуст на Делимано тави!!!"

насловна слика

Нови одлични вести ни доаѓаат од СВР Кавардци! Откако се пофалија овие денови со високи вложувања, тие рекоа дека наскоро очекуваат да се подноват со нови Делимано тави, а за неколку месеци од сега очекуваат да се подноват и со Џек ЛаЛејн Пауер Џусер!

 

"На добар пат сме. Ако имаме уште три сметки со вкупна сума повеќе од 999 денари, а на сметката да имаме купено барем две од одбележаните производи со "Купон плус" знак, тогаш ќе добиеме едно купонче. Ако добиеме уште три такви купони тогаш ќе имаме вкупно собрано десет купони, а тоа значи и дека ќе добиеме 10% попуст на Делимано тави кои дефинтиивно ни требаат. За некое време планираме и да собереме купони за попуст на Џек ЛаЛејн пауер џусер. Дечките во СВР Кавадарци обожаваат пауер, џусинг и цедење. Веруваме дека џусерот ќе им помогне со здравата исхрана и палео диетата." - изјави еден вработен во СВР Кавадарци додека ставаше пилешко во фрижидерот.

Коментари


Остави коментар