logo

# Сатира

Светската банка ја прогласи тоалетната за хартија од вредност!

насловна слика
Поради незапаметената потрошувачка на тоалетната хартија изминатиов период, Светската Банка ја прогласи оваа хартија за хартија од вредност. Според претседателот на Светската Банка - Дејвид Малпас, се очекува во периодот кој следува, тоалетната хартија да ги надмине акциите во трговските друштва, обврзниците, како и акциите во инвестициските фондови и да стане најпосакувана хартија од вредност. Критичарите и песимистите, сепак, ги предупредуваат граѓаните да не претеруваат со инвестирање во оваа хартија бидејќи, како што велат, можно е да дојде до презаситеност и истата да изгуби на вредност, па граѓаните да немаат што да прават со толку многу тоалетна хартија. На ова, низ шега, претседателот на Светската Банка - Дејвид Малпас одговори дека, ако дојде време граѓаните да нема што да прават со тоалетната хартија - може да си ја пикнат во задникот.

Коментари


Остави коментар