logo

# Сатира

Сведок: Да не беше Груби, по грешка ќе ми извадеа два бубрега

насловна слика

Шоканто сведоштво на една од жртвите во „Жолтата Куќа“. Сведокот кој сакаше да остане анонимен, вели дека вечно ќе му биде благодарен на Артан Груби бидејќи бил таму да преведува додека му ги ваделе органите. Имено, како што вели сведокот, поради јазичната бариера за малку ќе му ги изваделе и двата бубрега, иако првично му било кажано дека ќе му биде изваден само еден бубрег.

„Вечно ќе му бидам благодарен на Артан Груби! Нека го поживее Господ уште илјада години. Ако треба и срцето би му го дал на него. Да не беше тој да преведува, по грешка ќе ми ги извадеа и двата бубрега! А на почеток ми беше речено дека само еден ќе ми вадат. И одма се побунив кога видов дека ќе ми ги вадат и двата бубрега. Среќа беше тука Артан да преведе, инаку останав без бубрези. Немам зборови да опишам колку сум му благодарен.“ - изјави сведокот.

Коментари


Остави коментар