Кремот на Демократската унија за интеграција викендов се собра во С.Р.Ц. Кале за да го одржи четвртиот конгрес, на кој делегатите ќе можат да изберат нов лидер, ама ќе го изберат стариот - Али Ахмети.
Во исто време, вистински феномен се случува на свадбите закажани викендов кои, како што јавуваат од МВР, поминале без ниту еден инцидент, без пукање од огнено оружје и што е најважно, без ранети сватови.
- Со години не сме имале ваков мирен викенд. Ако добро се сеќавам, последно кога се случи нешто слично беше во 2014та, а јас уште бев обичен полицаец и го обезбедував третиот конгрес на ДУИ. – ни рече командирот кој сакаше да остане анонимен за да остане на работното место.
Која е причината за ова нагло смирување на страстите на свадбените веселби и дали конгресот на ДУИ има некакво влијание врз ова оставаме на дипломците на Факултетот за детективи и криминалистика да истражат.