logo

# Сатира

Шумска полиција ќе го чува зелениот покрив на ГТЦ од дрвокрадци

насловна слика

Пет дрвокрадци се фатени синоќа на зелениот покрив на ГТЦ во обид за нелегална сеча на дрвјата кои беа посадени како дел од мерките на град Скопје за борба против загадувањето.

Имено, после неколкучасовната брканица низ 3656те дрвја на покривот, дрвокрадците биле совладани од шумските полицајци, а после легитимирањето и пуштени, затоа што се покажало дека се членови на ДУИ.

Шумската полиција најави засилени контроли во ГТЦ, а повлечени се сите полицајци од Шар Планина со цел да се стават на располагање за патролирање низ најголемата зелена површина во главниот град.

Коментари


Остави коментар