Граѓанскиот суд, по пресудата против новинарите од ИРЛ во случајот со Кочо Анѓушев и неговата компанија Брако, отсечно ги негираше наводите дека се обидува да спроведе цензура и објасни дека тие имаат целосна слобода да истражуваат и да презентираат стории, сѐ додека тоа го прават во своите 4 ѕида.
- Нека си истражуваат, никој не им брани, ама сознанијата да си ги презентираат во своите 4 ѕида, а не да ја вознемируваат јавноста со своите искривени вредности и перцепции на вистината. Тоа докази, документи, наводи...нека си гледаат по дома, зошто не сите сакаат да се замараат со вистината. Таа е релативна работа. - рекоа од Граѓанскиот суд.
За крај, од таму потсетија дека ова важи и за останатите истражувачки новинари што го пикаат носот таму каде не му е место, а потоа парадираат со докази и сознанија пред јавноста и се обидуваат да бидат забележани преку оцрнување на ултра успешни луѓе.