Поддршката за Украина не запира!
Откако НАТО им прати молитви, а САД им прати желба за вистината да надвладее - ете ја и нашата земја со сериозна помош во форма на нови санкции за Русија!
Имено, Владата изгласа официјална дозвола за враќање на контроверзната група "Јавна соба", но овој пат ќе смеат да се постираат само слики од Русинки!
"Едвај чекам да гледам секси слики од девојки од Русија!!!" - возбудено изјави еден наш политичар по што се објасни - "Нели, дека многу мразам војна и сакам да има санкции кон Русија. Да не ме сфатите погрешно, не сум јас некој манијак."
Експертите велат дека ова само покажува колку е светот рационален со санкциите кон Русија и колку е сериозсна војната.
"Мислам дека ова е паметно. Сакам да верувам дека ако во иднина не' нападне некоја земја дека Украина исто вака би ни помогнала со слични санкции како нашиве. Помошта пред се." - изјави претседателот Пендаровски.