logo

# Сатира

СТУДОТ НЀ ЗБЛИЖУВА: БЕГ ќе ги мотивира скопјани почесто да се гушкаат

насловна слика

Најавата на БЕГ дека утре над 54 илјади домаќинства на Скопје ќе останат без парно греење крие хумана мисија на оваа компанија, чија вистинска цел е да ги зближи луѓето и да им помогне полесно да ја пребродат пандемијата која драстично ги намали прегратките и собиранките под јамбол или јорган.

 

- Се изгубија вистинските вредности. Ги нема веќе оние семејни дружби што ги организирале нашите баби и дедовци пред 50 или 100 години, на кои цело семејство спиело во ист кревет за да ја преживее зимата. Е тоа беа моменти на вистинско поврзување. Но сепак се надеваме дека нашата неспособност ќе успее да ги врати овие времиња. – велат од БЕГ.

 

За сега не се знае точното време во кое ќе започне враќањето на вредностите, но се шпекулира дека тоа ќе биде околу пладне, за граѓаните да имаат време да ги извадат јамболиите и јорганите од таваните и подрумите.

Коментари

Златко

се поефикасни и поинвентивни предлози….кај да е до летоска ќе средат и со греењето


Остави коментар