logo

# Сатира

СТРУГА: Турист несакајќи завршил медицина откако залутал во универзитетот на Мерко

насловна слика

Само неколку дена откако универзитетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби акредитација за отворање на студии по медицина, медицинскиот факултет го доби и првиот дипломец - холандски турист кој несакајќи залутал во просториите на универзитетот. 

 

Како што дознаваме, недоразбирањето настанало така што туристот барал да изнајми рент'а'кар, но по грешка влегол во студентските прашања на универзитетот, каде не успеал да се разбере поради јазичната бариера, но добил докторска диплома откако ма вработената ѝ покажал банкнота од 500€, после што таа по навика му испечатила и му доделила диплома.

 

Кооперација стапи во контакт со докторот кој сакаше да остане анонимен, но изјави дела е пресреќен што на старост ќе може да им ја исполни желбата на неговите родители и да стане доктор и најави дека и следната година ќе дојде на викенд во Струга за да ја заврши специјализација.

Коментари


Остави коментар