logo

# Сатира

ШТРАЈКОТ ПРЕКИНАТ: Вработените во Управата за матични книги ги згрешија транспарентите

насловна слика

Вработените во Управата за матични книги, кои на почетокот на месецов стапија во штрајк со барање за поголеми плати, денес ненадејно прекинаа со штрајкување, откако забележаа дека со себе понеле погрешни транспаренти, на кои наместо нивните сегашни барања, беа испишани пароли со поддршка за премиерот Груевски.

 

- Во желбата што побрзо да излеземе на улица и да се избориме за своите права, направивме мал превид. Имено, колегата задолжен за исписи, наместо да напише нови пораки, само ги подигнал од подрум транспарентите останати од последниот протест на кој сме биле како институција и, без да ги провери, ги раздал на присутните штрајкувачи. – изјави анонимен штрајкувач од Управата за матични книги.

 

Тој се извини за грешката и соопшти дека од штрајкувачите се договориле да го паузираат штрајкот на десетина дена, за целосно да се посветат на трите транспаренти кои треба да ги испишат и да ги покажат пред јавноста.

Коментари


Остави коментар