logo

# Сатира

ШТРАЈК СО ГЛАД: Мицкоски го исфрла лебот од исхраната сѐ додека власта не закаже предвремени

насловна слика

"Дојде време за драстични мерки!" вака лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски го започна своето обраќање по повод делумниот штрајк со глад, кој го започна денес и ќе го заврши тогаш кога власта ќе се вразуми и ќе одреди датум за одржување на предвремени парламентарни избори.

 

- Како огромен љубител на леб и бели пецива, ова за мене ќе биде поголема казна отколку да исфрлам сѐ од исхраната. Но свесно влегувам во оваа борба и спремен сум да се жртвувам за доброто на своите партиски другари, на кои веќе петта година им е ускратено правото да бидат директори, шефови, членови на управни одбори и уште многу други функции. Нема предавање! Освен ако мора... - рече господинот Мицкоски, видно ослабнат после првиот оброк без леб.

 

Поддршка за својот претседател најавија скоро сите членови кои се позиционирани високо во партијата, поточно оние кои финансиски можат да си дозволат лебот да го заменат со бифтек од бизон и да преживеат таков тежок удар, како што е исфрлањето на лебот од исхраната.

 

Само напред јунаци!

Коментари


Остави коментар