Нови мерки на владата во борбата со лажните вести!
Од почетокот на следниот месец Владата ќе го казни секој медиум што пренесува тажни вести, а целта на оваа кампања е да внесе повеќе позитивна енергија во секојдневните животи на граѓаните.
Сепак, како што дознава Кооперација, оваа генијална идеја настанала како грешка на еден од вработените во владата.
"А бе... заебавме работа. Требаше на документот да пишува дека ќе се забранат лажните вести. Еден бивш твитерџија е задолжен за тоа, ама малце слабо слуша и по грешка чул "тажни" наместо "лажни", па сега пробуваме да направиме нешто од грешката. Цела среќа што не пишал забрана за важни вести... Ајде, ќе се снајдеме" - изјави владин преставник.