Време беше за промена на тоалетите!
Рибата мириса од главата, а државата од тоалетите.
Затоа, владата на СДСМ најави дека ќе ги укине родовите и половите поделби на јавните тоалети.
Па така, наместо тоалети наменети за "мажи" и "жени", по ново ќе има тоалети за "СДСМ" и "Тотални идиоти".
"Време беше. Мислам замислете во 2022 уште да има поделби??? Пробуваме да направиме општество без поделби, по теркот на САД, која што чинам е земја членка на ЕУ. Таму веќе некое време се укинати ваквите поделби, па затоа веруваме дека оваа промена ќе помогне да се доближиме еден чекор поблиску до подобри услови за сите. Наместо да ги делиме луѓето на "мажи" и "жени", новите знаци на тоалетите ќе велат "СДСМ" и "Тотални идиоти", па оттаму секој што се чувствува како тотален идиот ќе може да влезе во тоалетот со тој знак, а сите останати интелигентни лица ќе можат да ги користат другите тоалети. Еден чекор поблиску до 500 евра минимална плата! Остваруваме!" - изјави еден виден, а богами и чуен член на СДСМ.
Браво!