Добро е, се уште има разум и желба за мир во Македонија!
Владата на нашата земја објави дека ќе се смени името!
И тоа не на било што, туку на Американските крофни и Руската салата!
Првично, Владата изгласа само смена на името на салатата, но откако пратениците од ЛЕВИЦА ги потсетија пратениците за агресиите на САД, се изгласа и промена на името на т.н. "Амерички крофни"
"Сакаме мир. Мразиме војна. Како се казнуваат земји што сакаат војна? Со санкции! Не смееме ни името да им го кажеме, бидејќи не сакаме народот да мисли дека нешто добро потекнува од овие земји! Затоа, Американските крофни ќе станат Бугарски крофни, а т.н. Руска салата од утре ќе почне да се нарекува Грчка салата. Веруваме дека овој потег ќе ги потресе сите жители на САД и Русија, а воедно и сметаме дека ова ќе ги зајакне односите со Бугарија и Грција!" - изјави премиерот Ковачевски.