logo

# Сатира

СТОП ВОЈНА! 20+ ГОДИНИ КАЗНА АКО ГИ ПОДДРЖУВАТЕ УЧК!

насловна слика

После најавите дека ќе следува казна ако ја поддржувате Руската агресија во Украина, Владата најавува нови мерки во борба против војната!

 

Имено, секој човек што на било кој начин ја поддржувал воената операција во 2001 на УЧК е потенцијална жртва на казната!

 

Очигледно е дека се повеќе членови на СДСМ сфаќаат дека војната е лоша (линк), па оттаму и не изненадува дека после поддржувачите за Русија, следни со казна се соочуваат и поддржувачите на УЧК! Најверојатно следни ќе бидат и поддржувачите на НАТО.

 

"Хештег стоп војна! Мора да се справиме со сите што на било кој начин поддржува воени акции! Секој што ги поддржувал УЧК ќе добие казна! И тоа казна повеќе од 20 години!!! Ама, поради тоа што затворите во државава се преполни со екс-членови на ДПМНЕ и СДСМ, ќе мора да најдеме ново место да ги собереме поддржувачите на УЧК. Најверојатно казната ќе ја одлежат во Владата. Да работат повеќе од дваесетина години во Владата? Е тоа е сериозна мерка!!! А не Идризово? Седиш, одмараш, се шеташ само... тоа не е казна, тоа е одмор! Ама како дел од владата ќе видат мака! Ќе се шетаат низ светот цело време, цело време ќе одат на седници, ќе имаат работа во министерства... нема ни секунда одмор да видат!!! Е тоа е казна!!!" - изјави еден анонимен член на гореспоменатата влада.

Коментари


Остави коментар