logo

# Сатира

Стојанче: Пожар смеат да подметнуваат само вакцинирани!

насловна слика

Конечно! Одлична мерка во справувањето со КОВИД кризата и кризата со пожарите низ Република Македонија!

 

Имено, најновиот генијален потег на Владата решава две муви со еден удар.

 

Имено, според најновиот генијален потег, секој член на Владата смее да удри две муви! Освен овој потег на владата што решава две муви со еден удар, пред тоа беше изгласана нова мерка што решава два проблеми со еден потег!

 

Имено, Владата донесе закон според кој само невакцинирани луѓе ќе смеат да подметнуваат пожари!

"Ќе има цајкани во секоја шума и ќе бидат вооружани со термометар. Секој што ќе сака да подметне пожар ќе мора да покаже документи дека е вакциниран со макар една доза. После тоа, ќе му биде измерена температурата и доколку човекот е здрав ќе може да продолжи со своите планови за подметнување на пожари!

 

Сметаме дека со овој потег ќе се намали бројот на невакцинирани, а ќе се намали и бројот на пожари! Ако ова не функционира, стварно не знаеме што ќе функционира!" - изјави ЦУК, ЦУК Стојанче, како и Стојанче во улога на човек што не го претставува ЦУК.

 

Коментари


Остави коментар