logo

# Сатира

"Што ако една партија има претседател, премиер и градоначалник на Скопје???" - вели партија што до завчера имаше се ова

насловна слика

Очигледно дека овие денови умира демократијата во Република... наша земја.

 

Секако, таа умира само тогаш кога СДСМ не е на власт. 

 

Па оттаму, сосема логично е прашањето на СДСМ, кои денеска на прес за новинарите објавија загриженост дека ќе дојде време кога една иста партија ќе има свој градоначалник на Скопје, премиер и претседател.

 

"РЕЖИМ Е ТОА! РЕЖИМ! Една иста партија контролира 80% од градовите? Има свој градоначалник на Скопје? Има свој премиер? Има свој претседател! ТОА Е РЕЖИМ! Не смееме да се повтори ова како што беше пред 7 години!!!

 

Што? Како тоа мислиш ние ова со години го имавме? Хаха а бе... види.. тоа ... не е .... овај... не е .... хаха... види... овај... ај, треба до кладилница да одам, ми почињаат немците од три ипол, се брзам. Ајде, чао" - изјави член на СДСМ.

Коментари


Остави коментар