logo

# Сатира

СТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ! ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕАТ ТРИ МИЛИОНИ БУГАРИ!!

насловна слика

Конечно! После долготрајни контроверзии, про и анти кампањи, обвинувања и проблеми со системот, резултатите од последниот попис во земјава пристигнаа и тие се официјално објавени онлајн.

 

Иако злите јазици велеа дека постои шанса резултатите да бидат манипулирани и дека нема да ја престават реалната слика, сепак резултатите кои утрово беа објавени покажуваат дека сета фама околу пописот беше непотребна и контрапродуктивна.

 

Владата гордо се пофали дека според најновиот попис во земјава живеат 3.354.352 граѓани, број што дефинитивно докажува дека се во државата оди нагоре благодарение на новата влада, па дури и бројот на жители.

 

Од тие, дури 3.032.031 се идентификуваат како Бугари, 135.352 се идентификуваат како Албанци, а 186.969 граѓани се идентификуваат како "Останато".

 

Румен Радев вели дека е презадоволен со резултатите од пописот, а премиерот Ковачевски видно задоволен изјави дека резултатите само повторно потврдуваат дека се во државава е фер и функционално и нема потреба за грижа.

 

Резултатите од пописот беа пофалени од страна на ЕУ кои велат дека со овие реални резултати државата е еден чекор поблиску до влез во ЕУ.

 

 

Коментари

Wj0zgZ07LnCeJ46VlNHbBBWG47CsbWdpTGziMpah

A kade se drugi entiteti sto ne gi pisete eli vo Makedonija ziveat samo tie 3 naroda sramota do koga so manipulacii


Остави коментар