Откако во едноставен статус и една реченица објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски ги објави и своите планови доколку тој не ја добие довербата на жителите на Карпош 1, Карпош 2, Карп... ок сфаќате, сите Карпоши.
Секако, можете да претпоставите, тие планови не се "ќе си лежам во затвор за криминали" туку се малку пооптимистични.
"Па видете, размислував на долго и широко за тоа што ќе правам ако не победам. И сметам дека е добро да се шири позитивна енергија. Затоа... ќе пеам!
И тоа нема сам, планирам да направам бенд со Камиказа и Бени.
Тие имаат искуство со бендови, јас имам искуство со пеење... некако ќе напраиме некоја комбинација и ќе пееме. Ќе бидеме како распеани Скопјани. Ќе биде интересно, битно е животот во песна да ти помине." - вели Стевчо во интервју за Кооперација.мк