logo

# Сатира

Стечаец го злоупотребил компјутерот на пратеникот М.К. за да ги намали казните за политичари

насловна слика

Стечаец од Злетово, чие идентитет МВР сѐ уште го крие, е авторот на измените во Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, дела кои најчесто им се ставаат на товар на политичарите.

 

- Сакав да направам добро дело и да им го олеснам животот на политичарите. Сите мислиме дека стресот да преживееш е најголем, но не е така. Да водиш држава е сто пати постресно. Затоа, со цел да им намалам едно гајле и да им помогнам да не се секираат за крадењето, решив да провалам во Собранието и да го сменам законот. Па што треба ќе одлежам. - изјави анонимниот стечаец додека екипи на МВР го водеа пред истражен судија.

 

Од МВР не сакаа да даваат дополнителни информации додека трае истрагата и одбија да ни откријат како дошле до сторителот, само кратко прокоментираа дека повеќе информации за случајот ќе добиеме веднаш штом министерот Спасовски се врати од вечерна литургија.

Коментари

0Kr8pn8oLn0BX703SeI6n2c06VV8CTfxwMIPXp0C

Sega li e???


Остави коментар