logo

# Сатира

СТАВ: Убивање на Евреи само ги зајакнува Хитлер-скептиците!!!

насловна слика

Екипата на Кооперација го пронајде овој став од 1941 година на еден познат, неутрален, про-правда, про-заедништво и про-мир новинар. Станува збор за познат Германски интелеткуалец чиј став бил објавен во 1941 во еден Германски весник.
 

Ние го пренесуваме во целост:


Ах, брате Адолфе... што ти требаше ова? 
 

Чуму елиминација на Евреите?? Чуму?!?!


Па срамота е. Дури гледам дека голем дел и од најзакоравените про-Хитлер ликови овие денови се на два ума за идејата за елиминација на Евреите...

 

Нели, да не ме сфатите погрешно, Хитлер е срцка човек. Одличен човек. Генијалец. Уметник. 

 

Но..имаше некои од опозицијата што велеа дека ако дојде на власт дека ќе проба да ја освои Европа. Дека ќе проба да ги елиминира сите што не се сложуваат со него. Дека целта му е, замислете, да ја освои Франција или Полска или што ти знам.

 

И јас го сакам Хитлер. Се уште мислам дека Хитлер е иднината на Германија. Одличен човек е. Одлични политики тера, Европски!! Ама... ова последново...не знам.

 

Што му требаше??? Што му требаше да убива Евреи???

 

Вака само ги зајакнува комунистите кои велеа дека Хитлер е злобен.

 

Вака само може дури да ги зајакне и оние забегани небањати Балканци кои велат дека не им се допаѓа политиката на Хитлер. 

 

Нели, ХИТЛЕР Е СУПЕР! СЕ ШТО ПРАВИ ХИТЛЕР Е СУПЕР И ЈАС ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ГО САКАМ ХИТЛЕР. Ама.... ова со Евреите... криво ми е.

 

Не поради тоа што убива Евреи... туку поради тоа што неговите ставови само го зајакнуваат анти-Хитлер мислењето меѓу граѓаните, а воедно и ги зајакнува партиите што сакаат да го срушат Хитлер од власт.

 

Нели, јас засекогаш ќе го поддржувам Хитлер и мислам дека само Хитлер ни е решение... ама шо знам бе.... некако... ептен се зајакнаа овие анти-Хитлер фашистиве!!! А ниту еден од нив нема алтернатива! Еве, ако не им се свиѓа Хитлер... што е алтернативата??

 

Факт е дека анти-Хитлер енергијата во земјава е комунистичка. Факт е дека најверојатно СССР ги плаќа анти-Хитлер партиите.

Факт е и дека овие од опозцијава не им е гајле за Евреите.

Ич не им е гајле!

 

Се ова е за да дојдат на власт!

 

Адолф, те молам! Не убивај Евреи, само им даваш муниција на овие што велат дека сакаш да убиваш Евреи!

 

А тие не се во право!

 

Ако испаднат дека се во право (а не се), онда ќе дојдат на власт!

 

А не сакам да дојдат некои на власт што се со анти-Хитлер ставови. Адолфе, те молам!!!!

 

-Гунтер Фон Момсон, 1941, за Дојче Тајмс.

Коментари


Остави коментар