logo

# Сатира

СРАМ ЗА МВР: Црна Гора ни ја врати запленетата марихуана оти ѝ бил поминат рокот

насловна слика

Голем удар врз угледот на македонското министерство за внатрешни работи (МВР) зададоа денес нивните колеги од црногорското МВР, кои незадоволни од квалитетот на марихуаната што ја запленија вчера, ја оставиле дрогата на македонската граница заедно со полициското службено возило во кое таа беше заборавена.

 

Имено, како што пренесуваат црногорските медиуми, тамошната полиција било комплетно разочарана од нашите полицајци, чиј аматеризам и неспособност за соодветно складирање довеле до тоа марихуаната да стане неупотреблива и ја ставиле во прашање идната соработка меѓу двете земји.

 

Покрај тоа за внатрешни, со реакција се јави и министерството за надворешни работи на Црна Гора, кое испрати протестна нота до Владата и побара во најбрз можен рок да се организира испраќање на нова пратка со највисок можен квалитет како единствен начин да се подобрат односите.

Коментари

ShJVzWz41nXSJX8XruHvYPp8SWq9vOL5zODKL59n

Ќе ги прати проф.по историја членовите на Ц.К. да наберат тазе од неговите ливади ….знае он да ја среди по селски

e9AMS5iOyDnkXwR5j4l03hLQXD5iSxgenP8qFHAR

aman, be pak,a do koga 'e ne matosuva planta\erot?!

MOVTh3Vm1xO6mvRwsU6yx2vW24ET5Tl6XelacHPe

odi.kaj.nace.culev.ke.ti.dade.najdobra

ZgRZ2kY37dbEV7CxzSAKnWig3OJY8RKVX10RAXV2

уште потазе е кај Вице… да не се брукаме по втор пат


Остави коментар