logo

# Сатира

Спречил да го тестираат: Подобро е да спречиш, отколку да лечиш

насловна слика
Македонски граѓанин кој имал контакт со заразено лице со Ковид-19, ги спречил медицинските лица да го тестираат. Скопјанецот со инцијали И.Д., по кратка борба со медицинскиот пероснал во Инфективната клиника во Скопје, со неколку одлични маневри, успеал да ги нокаутира медицинските лица и да избега низ прозорецот. Оваа техника се покажала како одлична, бидејќи му овозможила на лицето И.Д. да остане негативен на тестот за Ковид-19. „Човек ако самиот не се бори за сопственото здравје, нема кој друг да се бори за него. Подобро е да спречиш, отколку да лечиш. Затоа и ги спречив лекарите да ме тестираат. Здравјето е заедничка одговорност. Мора да бидеме самите одговорни за сопственто здравје! “ - изјави лицето со инцијали И.Д.

Коментари


Остави коментар