logo

# Сатира

Според протоколот: ЗАЕДНО СО БУГАРИЈА ЌЕ СЕ СЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА ДАНЕЛА!

насловна слика

Очигледно е дека многу работи се криеле од народот!

 

Според објавените протоколи од договорот помеѓу нашата и земја што не е нашата, наскоро ќе треба заеденички да се чествуваат голем дел од ликови кои до сега беа ексклузивно дел од нашата историја.

 

Помеѓу голем дел од историските ликови, отскокнува и името на градоначалничката на Скопје - Данела Арсовска.

 

Како што дознаваме, нејзиниот роденден ќе биде заеднички прославен со присуство на високи преставници од нашата и Бугарската власт, а според протоколот, Данела ќе мора да дува две различни торти со свеќички.

 

Пробавме да стапиме во контакт со градоначалничката на Скопје, а од таму добивме краток одговор кој гласеше "Добро, аман, ти реков до крај на месецов ќе биде ова бесплатното во ЈСП за сите граѓани, те молам не ми се јавувај за истото прашање на секои три месеци, ок? Чао!"

 

 

Коментари


Остави коментар