Неколкунеделната голгота на жителите на Слупчане, кои постојано бараат начин како да имаат струја без истата да ја плаќаат, по се' изгледа се ближи кон крајот, откако анонимен експерт за фотоволтаици, близок до премиерот Ковачевски, успеа да најде решение за овој горлив проблем.
Како што дознаваме, идејата е на споменикот на УЧК да му се даде практична примена така што неговата основа, а и двоглавиот орел ќе се обложат со фотоволтаици од најновата генерација, кои ќе бидат доволни да ги задоволат потребите на Слупчане и околината.
За сега овој проект се држи во тајност, но нашите извори велат дека Владата наскоро го открие ова неверојатно изненадување, и тоа на голем настан, кој ќе се одржи баш пред споменикот и на кој во живо ќе се пренесува монтирањето на фотоволтаиците.