logo

# Сатира

Спасовски: Имам информација дека Гислејн Максвел ќе се самоубие!

насловна слика

Откако објави дека има информација дека некои лица ќе напаѓаат со молотови коктели на вечерашните протести, Оливер Спасовски со нова информација и тоа за светски настани!


Тој објави дека има информација за Гислејн Максвел, која пред некое време беше досудена на 20 години затвор во САД!

 

"Имам информација дека вечер некој ќе напаѓа со молотови коктели. Имам информација дека Гислејн Максвел наскоро ќе се самоубие. Имам информација дека за да ти завршат работа побрзо у земјава ќе треба некој денар да дадеш. И ова не си го чул од мене, али имам информација за местена утакмица од утакмица у Турција. 2 у 1 и 7+, одлична квота е, пиши ми после на Вибер, ќе праиме кафица деновиве ќе ти кажам, али не ја шири ептен, ок?" - му кажа Оливер Спасовски на нашиот новинар.

 

 

Коментари

NoAZ54fDiOJCHqKSsOLFncajjvAtG1XWMsTWxntr

Oliversegleda okolu a negleda što se slučuva vo negovijot dvor. To Spese spasine


Остави коментар