logo

# Сатира

Спасовски: АКО НЕМАТЕ ИЗВАДЕНО НОВА ЛИЧНА ПОКАЖЕТЕ ДИПЛОМА ОД ФОН!

насловна слика

Се повеќе и повеќе жители на државава имаат истечени лични карти, а и покрај тоа што Оливер Спасовски го кажа спортивното - сепак неважечките лични карти не ги примаат надвор од државава.

 

Затоа, господинот Спасовски најде генијално решение кое треба за момент да го реши проблемот со сите што не можат да извадат нови лични карти.

 

"Процесот на издавање на лични карти не е баш наједноставен во последниот период. Има некои проблеми. Но, затоа добивањето на дипломи од ФОН е се уште лесно како и секогаш. Наместо да чекате за нова лична карта може да се запишете во ФОН, да полагате пар испити и да извадите диплома од ФОН. А ние ве уверуваме дека дипломата од ФОН е перфектен супститут за лична карта или вакцинален сертификат!" - изјави Оливер Спасовски на прес за новинарите.

Коментари

AqZRMupHW2TMPU3TS5C66O5BnVHPfYEsGXEopmuP

ова он од лично искуство ?!!!

Диано

не неговата е Made in Merko

SowK40VqnhA7T1iQVZWO3hwbx3J2Hp9F2Y4lOvxk

хахахаха....лик кој го има само у цртани филмови( на Марвел искључиво-Путец)...... хахахаха


Остави коментар