logo

# Сатира

СОВЕТ: Не ширете национализам, гледајте Бугарска фудбалска лига во вторник!

насловна слика

Во време кога светот се справува со сериозни воени проблеми, не е тешко да се види најголемата причина за ситуацијата во која се наоѓаме како жители на планетата земја.

 

Секако, станува збор за национализмот. Национализмот во секоја негова форма е огромен проблем со кој мора ние да се справиме. 


На пример, национализмот во Украина е причина зошто Украинскиот претседател на потпише договор за предавање на својата земја на Владимир Путин. Зеленски, како последен националист, повикува на патриотизам и одбрана на својата земја од "странците". 


Друг пример на национализам е и фактот што жителите на САД одбиваат пасошите да им бидат исклучиво на српски јазик поради тоа што "тоа не е нивниот јазик  и  не го разбираат"


Глупости. Јазик е, се учи. Зошто пасошите на САД да бидат на нивниот официјален јаизк, наместо на српски јазик? Секако, поради тоа што Американците се огромни националисти. Се надеваме во скоро време ќе си пронајдат свои невладини организации и политички партии кои ќе им објаснат на Џо Бајден и неговите советници дека нема простор за национализам во 2022 и дека не е лошо Американските пасоши да бидат исклучиво на српски јазик.

 

Но, да се вратиме во реалноста. Овој вторник македонската фудбалска репрезентација игра против Португалија. И голем број од жителите на земјава велат дека ќе го гледаат овој натпревар.

 

Зошто ќе го направат тоа?

 

НАЦИОНАЛИЗАМ.


Поради тоа што во земјава владее огроме Н А Ц И О Н А Л И З А М.

 

Ако тие навистина сакаат да гледаат фудбал... тогаш би одбрале да гледаат било што друго. 


Но, вистината е дека тие не сакаат да гледаат фудбал... тие сакаат да гледаат фудбал на нивната нација. Значи.. типичен национализам.

 

А што имаш ти, драг читателе со т.н. "твоја нација" ? Нити ќе играш фудбал, нити ќе бидеш дел од екипата, нити ќе добиеш пари ако фудбалерите победат, нити ги знаеш фудбалерите лично. 

 

Значи - ти немаш ништо со репрезентацијата. Само глумиш лудило.

Дека си националист.

 

Ако не си националист... придружи ми се. Овој вторник ќе гледам натпревари од бугарската фудбалска лига на Јутјуб. 


Мора да се бориме со национализмот.


Чекор по чекор.

 

Од тебе започнува.

 

 

Коментари


Остави коментар