Не запира хаосот на македонската политичка сцена! Од СДСМ, ден откако го изгубија парламентарното мнозинство доаѓа соопштение во кое партијата стравува дека на власт ќе дојдат луѓе што ќе ги почитуваат сите устави, закони, договори и референдуми.
"Страв ни е дека ако не сме на власт тогаш сите договори што ги потпишал Зоран Заев ќе бидат почитувани. Страв ни е дека ако дојде некој на власт ќе почне да го почитува уставот на РМ. Страв ни е дека ќе дојде некој што ќе го толкува паметно законот. Страв ни е... Секакви идиоти се шетаат по светов. Кој знае кој ќе дојде следен..." - се вели во соопштението на СДСМ до медиумите.