Градоначалничката на Битола веќе се соочува со проблеми откако стави нова шаховска табла во градот.
Овој капитален проект беше навистина успешен, а некои можеби и би рекле дека е премногу успешен поради новите проблеми што прозилегоа.
"Луѓе. Ве молам. Не пробувајте да водите љубов со кралицата. Таа е шаховска фигура. Не е вистинска кралица. Не е ни човек. Фигура е. Ве молам, не е културно, ве молам до небо - НЕ ПРОБУВАЈТЕ ДА ВОДИТЕ ЉУБОВ СО ФИГУРИТЕ!!!" - изјави градоначалничката.
За да бидеме објективни, во продолжение ви пренесуваме и соопштение на еден од жителите:
"КАКО НЕ БЕ! Она мене ќе ме команда? За мои пари што сакам ќе правам! Бев и во Скопје пред некој ден, исто вака не ми даваа да им дадам пуканки на диносаурусите. А не ми ни дадоа да ги јавам. Како бе вака, се нешто праат проекти и после тоа све нешто проблеми искачаат???? Што е следно?!?!"