Од вестите на сомнителноста, одвојуваме - твитераш што пред 10 години редовно твитал за одговорност на институициите, денеска го поминал денот твитајќи за новата сезона на "La Casa De Papel"
Твитер корисникот @tabanitetisemaromeddalizes пред 10 години твиташе за одговорност за институциите, борба за правда, борба против корупција и пред се борба на народот против очајните институции и очајната влада.
"НЕ! НЕМА ДА ПРЕСТАНАМ! БОТОВИ ЕДНИ КАКО НЕ ВИ Е СРАМ ДА СИ ЈА ПРОДАВАТЕ ДУШАТА ЗА ДА ЈА БРАНИТЕ ПАРТИЈАТА И ДА МЕНУВАТЕ ТЕМИ??? ЛУЃЕ УМИРААТ ПО БОЛНИЦИ!!! ОСТАВКА! ЌЕ СИ ЛЕЖАТ! СИТЕ СЕ КРИВИ! СТОП ЗА КОРУПЦИЈА! СЕ ГЛЕДАМЕ ВО 6 ПРЕД ВЛАДА!" - вели еден твит на овој корисник пред неколку години.
Сепак, екипата на Кооперација го провери неговиот твитер денеска за да види како овој твитер корисник реагира на трагедијата во Тетово.
Ова се неговите последни 5 твитови. Три се од вчера, две се од денес.
"СЕ ОСЕЌАМ ГОРД ЖИТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! #НеЗависност"
"Аууу браво! Владава супер организирала! Парите добро и паметно ги потрошиле!"
"Уште ли глеате фудбал бе? Него... се попишав! #Popis2021 Попиши се и ти!"
"Еј дечки, денеска у министерство е спор ден па ќе ја глеам новата сезона на #LaCasaDePapel"
"Аууу малце доцнам ама...аууу каква е последната епизода..едвај чекам уште епизоди! ЈАКО!!! #LaCasaDePapel"
Претпоставуваме дека човекот се уште има лош живот исто како што имал и пред 6-7 години па најверојатно му доцни интернетот и се уште не дознал за катастрофата во Тетово. Веруваме дека е фер и пред се објективен човек.