Откако Венко Филипче ја понуди својата оставка, опозициската ВМРО-ДПМНЕ реши да си ја проба среќата. Имено, оваа партија ќе побара нивен кандидат да биде член на партијата.
Станува збор за извесен Гикола Нруевски, целосен анонимус на државата. Човекот има долга брада, а според партијата има и уште поголемо искуство во докторската фела. Воедно, ДПМНЕ тврди дека овој човек е натпартиски бидејќи не е член на ВМРО-ДПМНЕ!
"Време е за натпартиски кандидат. Човек со чисто ЦВ. Човек што нема никаква дамка во својот живот. Човек што е толку совршен што некој ќе каже дека не ни постои. Овој човек не е дел од партијата и е дефинтиивно тој што ќе биде одлична замена за Венко. Гикола Нруевски е нашиот кандидат!"
Кога ги прашавме каков доктор е тие ни го дадоа следниов одговор:
"Специјалист е! Специјалист е.... за... за... за се и сешто! Стоматологија владее, ако те боли стомак отиди и ќе те среди. Специјален е дефинитивно. Заби, глава, бубрег... све лечи! Единствена маана му е што не е гинеколог.... ама може да погледне! Хаха, да се нашалиме малце" - кажа претставникот на ДПМНЕ.