logo

# Сатира

ШОКАНТНО: На новиот премиер му избегаа двајца технички министри

насловна слика

Првиот работен ден како технички премиер на поранешниот прв човек на министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не помина така глатко како што се очекуваше. 

Причина за тоа е, како што дознаваме, отсуството на двајцата технички министри од опозицијата, од првиот заеднички прием на новата влада кај мандатарот Пендаровски, кои последен пат се видени на заклетвата на новите министри и веднаш потоа се дале во бегство. 

Премиерот Спасовски ни изјави дека интензивно трага по нив, па така само синоќа потрошил цела вечер лутајќи низ собите и дворот на претседателската вила во обид да ги пронајде, но безуспешно.

Потрагата по нив ќе продолжи и денес со детални претреси на шумата каде се наоѓа вилата, а ќе се проверуваат и гепеците на автомобилите кои поминуваат во близина.

Коментари


Остави коментар