logo

# Сатира

ШОКАНТНО: Интерпол уапси странски криминалец без македонски пасош

насловна слика

Огромен пропуст во работата на пасошкото одделение во Министерството за внатрешни работи откри Интерпол по апсењето на познат европски криминалец чиј идентитет сеуште не се открива, а кој според досегашните сознанија, не поседувал македонски пасош.

 

- Многу сме разочарани. Сто пати проверивме и уште не ни се верува дека нема ваш пасош. А бе за една работа ве биваше и таа успеавте да ја заебете. Јас се извинувам за вулгарностите, но многу сум нервозен. Вака ли во ЕУ бе Македонци?! - ни рече еден од главните агенти на случајот. 

 

Од МВР остро реагираа на наводите на Интерпол и обвинија дека токму нивната акција за апсење на анонимниот криминалец ја прекинала процедурата за вадење на пасош, која била при крај, а уапсениот имал закажан термин за сликање на 8 јуни.

Коментари

Sgu9muq2U3844gqeOCa8h5G1gRmlMQtA9qWq8Sbv

Ma Путец, јел то могуќе?!!!


Остави коментар