logo

# Сатира

ШОКАНТНО: Ангела Меркел го посети Западниот Балкан за да изврши голема нужда

насловна слика

Како што веќе е познато на јавноста, германската канцеларка Ангела Меркел деновиве ја посети Тирана. Имаше повеќе шпекулации во јавноста околу вистинскиот мотив за ова патување.

Ексклузивно дознаваме дека канцеларката имала проблем со редовна столица, па имала потреба од промена на клима за полесно да се олесни. Всушност, зад посетата на Ангела Меркел на земјите од Западен Балкан се криела потребата за вршење голема нужда.

Како што открија анонимни извори блиски до Меркел, таа секогаш најубаво и најквантитетно вршела нужда на Балканот. Токму поради оваа причина Меркел сакала често да го посетува Балканот, а секогаш ги повикувала и лидерите на земјите од Западен Балкан да го сведочат чинот на физичкото олеснување на канцеларката.  Токму тоа беше случајот и со оваа посета.

По завршувањето на церемонијалното вршење нужда, Меркел замина, а лидерите презадоволни се вратија во своите држави, секој со надеж дека следниот пат тој ќе ја држи тоалетната хартија за време на свечениот чин. 

 

Коментари


Остави коментар