ПРЕСВРТ! ШОК! НЕВЕРУВАЊЕ!
На денот кога и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го бираа следниот лидер на својата партија се случи чудо!
Имено, човек што не беше кандидиран ги доби изборите во двете партии!
Станува збор за истиот човек - досегашниот лидер на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети вели дека е презадоволен со резултатите и смета дека гласачите направиле паметен избор. Тој вели дека ќе продолжи да ги води ДПМНЕ и СДСМ и понатаму на вистинската патека и очекува се да продолжи по најдобар ред како и сега.
Пофалби стигнаа и од амбасадата на САД во Република Македонија, кои во писмо до партиите искажаа пофални зборови.
"БРАВО! Отсекогаш сме се залагале за ваква демократија! Браво! Баш вакви избори сакаме иако некој ќе каже дека ова не е демократско или логично. Ваљда е глуп. Му честитаме на господинот Ахмети и очекуваме да продолжи да се залага за уставност, демократија, правда и останати зборови на кои не им го знаеме значењето" - се вели во честитката.
Кладилниците во државата пак, сметаат дека ова беше предвидливо и затоа дале квота од 1.05 за победа на Ахмети на изборите во двете партии.
Честитки и од нас!