Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова во изминатиот ден беше на спротиставена страна со еден познат новинар кој ја обини за огромни суми кои таа ги добивала како директорка и доктор.
Новинарот подоцна во денот објави и документи на неговиот фејсбук профил, а директорката на Детската клиника подоцна во денот упати фејсбук статус со директна закана за новинарот. Иако во статусот се говори за фиктивна ситуација, сепак многу е очигледно дека таа со овој статус имплицира дека новинарот е идиот за одлуката што ја направил.
Во статусот се вели следново:
"Замислете ваква ситуација. Ти си новинар. Си открил дека некоја директорка добивала плата без да оди на работа. Си отишол и си се соочил со директорката.
Таа ти нуди 1000 евра под маса за никогаш да не збориш за ова. Да заборавиш за информацијата. Да преќутиш во замена за пари кои ќе ти донесат добар живот.
Замислете, ти, како новинар ја одбиваш оваа понуда.
Завшрува расправијата со гореспоменатата директорка.
Си идеш накај дома, во поштенското сандаче те чека опомена за неплатени сметки. Не можеш да стигнеш ниту сметките да ги платиш со мизерната новинарска плата. Влегуваш дома, фрижидерот празен. Си викаш; барем образот ми е чист. Имам новинарски интегритет!!!!!!! Се борев за правда!!!!! Не за долго... Доаѓаат децата ти бараат пари. Живеат во време кога гледаат сешто на социјалнтие мрежи и имаат многу желби. Срцето ти се кине, ама мораш да им кажеш дека едноставно немаш. Глават горе, новинарски интегритет во душата, желбата за правда во срцето... Вреди ли?" - се вели во статусот.
Ние би рекле дека вреди, и искрено само неинтелигентен човек може да смета дека пари се побитни од чест и ни значи што новинарот го дели нашето мислење. Браво!