logo

# Сатира

СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ОДБРАНА НА ТАЛАТ: Ни се обраќа со дерење затоа што сме наглуви

насловна слика

Иако по првото преслушување на снимката, на која претседателот на Собранието, Талат Џафери, им се дере и ги навредува своите подредени многумина инстинктивно помислија дека се работи за недостаток на култура, воспитување и почит, сепак собраниски извори од ДУИ ни ја откриваат и другата страна на приказната, како и вистинската причина за таквото обраќање.

 

Во прашање е слабиот слух на службениците вработени во Собранието, посебно тие што работат директно со Талат Џафери, кој самиот инсистирал што повеќе од нив да бидат наглуви, за да нема проблеми со шпионирање и пренесување на разговори и државни тајни надвор од оваа институција.

 

Што се однесува до навредите, изворот од ДУИ вели дека тоа е резултат на блискоста меѓу двете страни, но и на авторитетот на претседателот, кој на службениците гледа како на свои деца, само без онаа опсесивна родителска љубов.

 

Кооперација телефонски стапи во контакт и со луѓето на кои им се обраќаше Џафери, кои ја потврдија неговата страна од приказната уште пред да им ја раскажеме, а откако им кажавме за што се работи, ни рекоа дека не нѐ слушаат и ни спуштија слушалка.

Коментари

4227NmUSznKVy28RtZSZPGquGuSSDlNjPnJuEIic

Многу напишано а ништо јасно !

WJHdSPWQQUEsQMm7DKipqSRvENPTU0pGXvI3BNIx

Сваштаааа?!????

IbdspctomsOEV2lmDb04ls9NSJSHyDmlUPx04RvY

Ako neka ve ebat i pak prsjtese gluvi da vi ebam usite

q5Rq8Gmw25oNyieAVvQ8mYM2zvT0yvwXLmSAX6F9

Jahahahahshahzhahz

zE2CMt1JUiVOWyHEy5F01IqSFuGNJqz5VyFxWYnz

Za gluvite sednicite vo petok.

AMgYstwM0T7h4ASJP5IoqINeCuiO3sOryYZ3tWr1

За гревота...


Остави коментар