logo

# Сатира

Собранието се распушти: Прометот на патарините опадна за 92%

насловна слика
Драматично намалување на прометот на патарините по македонските автопати е резултатот од распуштањето на Собранието и престанувањето на мандатот на пратениците, а со тоа и на нивното право на наплаќаат патни трошоци. Според податоците од терен, само во првиот час по распуштањето патарините претрпеле огромни штети со преполовување на приходите, а пад во прометот е регистриран и кај бензинските станици покрај автопатите, кои исто така работат со загуба. Вработени на патарините, уплашени дека ќе останат без работа, побараа да бидат поставени технички пратеници, поточно да биде составено - „Ол-Стар Собрание“, кое ќе работи до избори, а во неговиот состав да влезат „ѕвездите“ на патните трошоци, како: Силвана Бонева, Мира Дизел, Томислав Тунтев, Алија Камберовски и многу други.

Коментари


Остави коментар