Конечно! Чекор напред во демократијата, слободата и здравјето во нашата, а и ваша република!
Имено, собранието на горе споменатата република следната недела ќе гласа и ќе одреди колкав процент од граѓаните се вакцинирани!
"За да влеземе во ЕУ треба да покажеме дека сме сериозна држава. За да го направиме тоа треба да имаме голем број на вакцинирани. Затоа, ние , во собранието, ќе гласаме за тоа колку луѓе се вакцинирани. Планираме да гласаме за тоа дали се 90% од луѓето вакцинирани или не. Ако изгласаме, тогаш во сите официјални документи ќе пишува дека 90% од народот е вакциниран и тоа ќе биде факт. Веруваме дека со ваква тактика ќе станеме лидер во регионот и сите ќе не пофалат за големиот број на вакцинирани граѓани.
Да, секако дека може и да ја кажеме вистианта и да се однесуваме демократски, ама зошто? Најдобро е ние да решиме што е најдобро за луѓето и да гласаме колку проценти се вакцинирани. Ние решаваме, а не тие!
Башка, секој ден гледам вести... ич не може да им се верува! Вчера кажаа 16% од луѓето се вакцинирани, а денеска кажаа дека се 17% вакцинирани?!?!? Што е следно? 18%? 19%?!?!?!? До каде ли ќе оди ова???? Ма ајде ви се молам!" - изјави Зоран Заев на прес на владата.