logo

# Сатира

СО ПАРИТЕ ОД МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЈО: Ќе се поднови пожарната!

насловна слика

Конечно добра вест во државава! Со парите што владата ги доби со продажбата на Мерцедесот ќе може да се подноват пожарните станици ниц земјава!

 

"Многу нормнално, во моментот кога дознавме за криминалот на Груевски решивме да го продадеме Мерцедесот, а парите да ги вложиме за нешто паметно. Малце би било глупаво да го тужиме Груевски за криминал, а притоа ние да ги добиваме придобивките од криминалот и да го користиме Мерцедесот? Така? Е сега, проблемот беше што да правиме со парите. До сега не знаевме што да правиме. Конечно излезе прилика! Ќе ги вложиме во пожарните ширум нашата земја! Така, повеќе нема да користиме возила од времето кога Тито Петковски бил во градинка! Конечно нешто добро!" - изјави претставник на владата.

 

 

ЗАБЕЛЕШКА: Оваа вест е сатирична. Владата се уште го користи мерцедесот за кој се тужи Груевски, а се уште во Република Македонија има возила што постојат од времето кога Тито Петковски бил во градинка. А да, и имаме многу помалку пожарникари од минималната потреба.

 

Случајно некој за момент ако помисли дека ова е вистинска вест и дека живее во вистинска дражва.

Коментари


Остави коментар