logo

# Сатира

Со „Купувам домашно“ ќе може да се плаќаат сметките за струја

насловна слика
Владата донесе уште една одлична мерка која ќе придонесе за полесно надминивање на економската криза. Отсега со картичката „Купувам домашно“ граѓаните ќе можат да ги плаќаат сметките за електрична енергија. Оваа мерка доаѓа откако Регулаторната комисија одлучи да ја поскапи електричната енергија за 7,4 отсто. Поскапување на струјата, како што истакнаа од Регулаторната комисија, побарале електро-енергетските компании поради кризата со Ковид-19, односно намалување на приходите. „Знаеме дека секој денар на граѓаните им е битен. Со мерката со која се предвидува сметките за електрична енергија да се плаќаат со платежната картичка „Купувај домашно“ очекуваме граѓаните воопшто и да не го почувствуваат покачувањето на електричната енергија. Со овааа мерка уште еднаш покажуваме дека граѓаните се на прво место!“ - истакна висок претставник на Владата, кој сакаше да остане анонимен.

Коментари


Остави коментар