logo

# Сатира

Со Францускиот договор се потврдува Македонскиот јазик кој беше потврден со Преспанскиот договор кој беше потврден со Уставот на РМ од 1991 кој притоа постоел и пред тоа

насловна слика

Браво!!!!

 

СДСМ уште еднаш докажува дека нема зафркавање и пред се - НЕМА ДЕБАТА за Македонскиот јазик.


Тие потврдија дека преговорите со Бугарија се одвивале во најдобар ред и се презадоволни што со Францускиот предлог ќе се потврди Македонскиот јазик кој беше потврден со Преспанскиот договор кој дефинитивно остави простор за никакво преговарање и дебатирање и само го направи БЕТОН јазикот на нашата земја кој беше дефинитивно потврден со Уставот на Република Македонија од 1991 кој со самото тоа го направи Македонскиот јазик нешто за што не треба да се преговара и е потврдено и заврстено.

 

Браво! 

 

Преговарањето со Бугарија за јазикот кој беше зацрврстен и како таков беше направен нешто за што не смее да се преговара или дискутира благодарение на Преспанскиот договор уште еднаш потврдува дека СДСМ знае што потпишува и што прави!

Браво, сигурни сме дека во иднина нема да се преговара и дискутира за Македонскиот јазик кој дефинтиивно со Францускиот предлог е потврден уште повеќе од  тоа што беше потврден со Преспанскиот договор, а воедно и утше повеќе од пред тоа!

 

Браво!!!

Коментари


Остави коментар